Login
Регистрација
За да побарате совет Ве молиме да се регистрирате. Регистрација е брза, едноставна и истата има цел за заштита од спам. Внесените податоците се строго доверливи и не се споделуваат со трети страни.
Доколку сте ја заборавиле лозинката, Ве молиме внесете ја Вашата емаил адреса на која ќе Ви биде испратен линк за ресетирање на истата.
За да побарате совет Ве молиме да се регистрирате. Регистрација е брза, едноставна и истата има цел за заштита од спам. Внесените податоците се строго доверливи и не се споделуваат со трети страни.
За да побарате совет Ве молиме да се регистрирате. Регистрација е брза, едноставна и истата има цел за заштита од спам. Внесените податоците се строго доверливи и не се споделуваат со трети страни.
Сторителот на семејно насилство не мора да изгледа насилен пред другите. Често, тие се друштвени, шармантни, па дури и ценети во заедницата. Насилството се случува зад затворени врати, систематски и намерно.
Типични однесувања:
Важно е да разбереме: насилникот избира кога и како да биде насилен – и тоа значи дека ја контролира ситуацијата.
Децата се секогаш жртви на семејното насилство, дури и кога не се директно нападнати.
Тие:
‼ Важно е да се реагира на време.На децата што живеат со насилство им треба психолошка и едукативна поддршка, исто како и нивните мајки.
Доколку препознаваш некој од овие модели на насилство, не си сама.
Можеш да нè контактираш за совет, поддршка или правна помош. Ќе ти помогнеме да ја разбереш ситуацијата и да ги направиш следните чекори кон безбедност и самостојност.
Нема „типична жртва“ .. секоја жена може да биде погодена од семејно насилство, без оглед на образование, етничка припадност, возраст или финансиска состојба. Сепак, насилството најчесто го трпат жени кои се во нееднаква позиција во врската.
Жртвите често:
Не пријавуваат поради страх, притисок, недоверба или економска зависност
Важно е да знаеш: секоја жена што претрпела насилство заслужува поддршка, а не судење.
Последиците од семејното насилство се длабоки, долготрајни и не секогаш видливи. Тие не завршуваат со крајот на врската, многу жртви носат физички, емоционални и социјални последици со години.
Психолошки последици:
Физички последици:
Последици по децата:
За многумина, напуштањето на насилната врска не е само одлука – туку процес преполн со ризици, страв и реални тешкотии.
Некои од најчестите пречки се:
Важно е да се разбере: останувањето не значи дека жртвата сака да трпи – туку дека ѝ треба поддршка и разбирање, а не осуда.
Семејното насилство не е изолиран инцидент, туку процес кој се развива и се повторува во карактеристичен циклус. Овој циклус создава илузија кај жртвата дека насилството е моментално, дека може да се контролира или дека сторителот ќе се промени. Разбирањето на динамиката и циклусот е клучно за поддршка на жртвите и за донесување информирани одлуки.
Постојат три фази на циклусот на семејно насилство:
Во оваа фаза, се јавува постепено зголемување на тензијата. Насилникот станува се повеќе нервозен, контролирачки настроен, раздразлив. Жртвата се обидува да „ги избегне конфликтите“, ја прилагодува сопствената комуникација и однесување, се повлекува или премолчува.
Начин на манифестирање: критики, тивки закани, пасивна агресија,
Чувства кај жртвата: страв, вознемиреност, анксиозност, вина.
Во оваа фаза, тензијата кулминира со ескалација на насилството, физичко, психолошко, сексуално или економско. Оваа фаза може да трае неколку минути, но последиците се длабоки и трајни.
Начин на манифестирање : удирање, заканување, кршење предмети, навреди, заклучување.
Чувства кај жртвата: физички повреди, шок, чувство на беспомошност.
По инцидентот, насилникот често се извинува, ветува промена, се обидува да ја убеди жртвата дека ја сака. Може да покаже привидна грижа, да подари нешто или да побара втора шанса. Во оваа фаза, жртвите често се надеваат дека насилството било „единствен случај“ и дека нема да се повтори.
Начин на манифестирање: извинувања, ветувања, подароци, барање простување.
Чувства кај жртвата: надеж, збунетост, вина, емоционална зависност.
Зошто е важна свеста за циклусот?
Овој циклус може да се повторува со месеци или години, при што фазата на „меден месец“ се скратува, а насилството станува се почесто и поинтензивно. Разбирањето на циклусот им помага на жртвите и на професионалците да ги препознаат знаците на трајна злоупотреба и да делуваат навремено.
Во коренот на секое семејно насилство стои желбата за доминација, контрола и потчинетост. Насилникот не извршува насилство затоа што „изгубил контрола“, туку затоа што свесно ја користи контролата како средство за моќ.
Оваа контрола се манифестира на повеќе начини:
Со овие техники, сторителот создава средина во која жртвата се чувствува беспомошно, изгубено и неспособно да донесе одлука да го напушти насилниот однос. Воспоставувањето на контрола не е само механизам за доминација, туку и начин да се спречи жртвата да побара поддршка или да направи промена во својот живот.