Регистрација

Најава

Заборавена лозинка

Доколку сте ја заборавиле лозинката, Ве молиме внесете ја Вашата емаил адреса на која ќе Ви биде испратен линк за ресетирање на истата.


Побарај совет

Ве молиме најавете се за да побарате правен совет.
Доколку немате кориснички профил кликнете на Регистрација.

Најава

Регистрација

За да побарате совет Ве молиме да се регистрирате. Регистрација е брза, едноставна и истата има цел за заштита од спам. Внесените податоците се строго доверливи и не се споделуваат со трети страни.

НАШИ АНАЛИЗИ И КАМПАЊИ

НАШИ АНАЛИЗИ И КАМПАЊИ

Наши истражувања

Ги анализираме најважните пречки со кои се соочуваат жените што претрпеле семејно насилство – како високите судски трошоци, издршката за децата и постапувањето на институциите.

За да обезбедиме подобра заштита и пристап до правда за жените што претрпеле семејно насилство, ги истражуваме најважните прашања кои влијаат на нивниот живот:

👉 Дали жените имаат право на ослободување од судски трошоци кога бараат заштита.

👉 Дали издршката за децата навистина одговара на нивните потреби.

👉 Дали законите за семејно насилство се усогласени со човековите права.

👉 Како институциите постапуваат во случаи на семејно насилство.

👉 Како судовите одлучуваат во предмети на семејно насилство.

Со овие истражувања сакаме подобро да ја разбереме реалноста и да обезбедиме промени што ќе значат вистинска поддршка за жените и нивните деца.

📑 Најнови анализи

👉 Колку чини семејното насилство – за жените, за семејствата и за општеството?

👉 Дали издршката што ја определува судот е доволна за децата да живеат достоинствено?

Истражувањата наведени подолу претставуваат само дел од анализите и истражувањата што ги спроведува ЕСЕ. За потполен увид во нашата работа, ве упатуваме да ја посетите официјалната веб-страница: www.ese.org.mk

Наши кампањи

Со кампањите ја подигаме јавната свест за семејното насилство и ги информираме жените за нивните права и можностите за заштита.

Нашата порака е јасна: не си сама – во ЕСЕ можеш да добиеш поддршка и заштита.

🎥 Најнови кампањи

Семејното насилство е сурова реалност за многу жени и деца

👉 Порака што открива колку е сериозен проблемот и зошто мора да се зборува за него.

Сведоштво за претрепено семејно насилство

👉 Сведоштво од жена која поминала низ насилство – за да покаже дека не си сама.

Правна помош за жените што претрпеле семејно насилство

👉 Јасни информации каде и како можеш да добиеш поддршка и правна заштита.

Сведоштво за претрепено семејно насилство, 2021 година

Сведоштво за претрепено семејно насилство, 2021 година

Правна помош за жените што претрпеле семејно насилство, 2021 година (долга верзија)

Заштита од семејно насилство во рамки на граѓанско-правниот систем, 2021 година

Кривичноправна заштита од семејно насилство, 2021 година

Семејното насилство може да има фатален крај, 2020 година

Потрага по правда за жените кои претрпеле семејно насилство, 2019 година

Потрага по правда за жените кои претрпеле семејно насилство, 2019 година

Водич за жртви на семејно насилство