„Побарај совет“ е интернет платформа преку која можете да побарате бесплатни правни совети и помош за пријавување и заштита од семејно насилство.

„Побарај совет“ има за цел да го подигне степенот на информираност и запознаеност на жените со појавата на смејно насилство, како и да ги информира за законските можности за заштита од семејно насилство, како и правни совети за разрешување на проблемите што се поврзани со семејното насилство.

Преку „Побарај совет“ жените кои претрпеле семејно насилство имаат можност да постават прашања и да добијат совет и стручни правни совети како да го надминат проблемот со насилството и останатите правни проблеми поврзани со семејното насилство.

Листа на најбарани совети