Услуги
„Побарај совет“ е интернет платформа за обезбедување на бесплатни правни совети за жените кои претрпеле семејно насилство. Платформата е основана за зголемување на пристапот до информации за законските можности за заштита од семејно насилство, како и правни совети за разрешување на проблемите кои се поврзани со семејното насилство:
- – привремени мерки за заштита од семејно насилство
- – кривични постапки за сторени кривични дела како резултат на семејно насилство
- – развод на брак
- – старателство над децата
- – издршка на деца и партнер
- – утврдување на право на сопственост и делба на имот на имот стекнат во брак (вонбрачна заедница)
- – надомест на штета
Преку „Побарај совет“ жените кои претрпеле семејно насилство имаат можност да постават прашања и да добијат стручни правни совети како да го надминат проблемот со насилството и останатите правни проблеми од различни области. Веруваме дека „Побарај совет“ ќе придонесе за правно зајакнување на жените и зголемување на нивните капацитети за самозастапување пред надлежните институции, како што се Центрите за социјална работа, полицијата, судовите и др. Најчесто поставените прашања и правните совети се издвоени во посебен дел со цел обезбедување на полесен пристап до информации за жените кои се соочуваат со исти или слични правни проблеми поврзани со семејното насилство.
Оваа платформа може да се користи и од страна на практичарите од надлежните институции, кои исто така имаат пристап до информации за релевантната законска рамка која се однесува на нивното постапување, како и можност да се консултираат за начинот на постапување и обезбедување на помош и поддршка за жените кои претрпеле семејно насилство.