Регистрација

Најава

Заборавена лозинка

Доколку сте ја заборавиле лозинката, Ве молиме внесете ја Вашата емаил адреса на која ќе Ви биде испратен линк за ресетирање на истата.


Побарај совет

Ве молиме најавете се за да побарате правен совет.
Доколку немате кориснички профил кликнете на Регистрација.

Најава

Регистрација

За да побарате совет Ве молиме да се регистрирате. Регистрација е брза, едноставна и истата има цел за заштита од спам. Внесените податоците се строго доверливи и не се споделуваат со трети страни.

Препознај го семејното насилство

ШТО ПРЕТСТАВУВА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО?

Семејното насилство е означено како малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв спрема брачен другар, родители или деца или пак други лица кои живеат во брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство, како и спрема поранешен брачен другар или лица кои се наоѓаат во блиски лични односи.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Интенционалност: намерно дејствување на насилникот кое има за цел воспоставување контрола и субординација на жртвата.
Дисбаланс на моќта: едната страна има надмоќ над другата,моќта е на страна на насилникот.
Нарушување на личното право: користејќи ја позицијата на моќ ги повредува основните права на жртвата.
Предизвикува страдање и болка: сторителот го загрозува здравјето и животот на жртвата. Искуствата сведочат дека повторуваното доживување на болка и страдање, со тек на времето резултира со пад на способноста за одбрана и заштита кај жртвата. Пролонгираната изложеност на хроничен стрес ја доведува жртвата во состојба на крајна психичка исцрпеност.

Препознавање и заштита од економско насилство

Препознавање на различни форми на семејно насилство

ФОРМИ НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Физичко насилство, односно физичките напади и агресивното однесување на насилникот можат да бидат од гребнатинка до убиство. Најчесто започнува со нешто што на прв поглед изгледа како безначаен физички контакт кој прераснува во се почести и посериозни напади. Физичкото насилство се состои од физичка или каква било друга закана, фрлање со нешто што може да ве повреди, удирање, зграпчување или туркање, потоа виткање рака или влечење за коса, клоцање, гризање, шлаканица или удирање со тупаница, обид за давење, затнување на устата, тепање, удирање со предмет, горење или попарување, употреба на нож или пиштол и др.

Психолошко насилство се состои од постојано вербално напаѓање, досадување, претерана љубомора и посесивност, ограничување на контактите со семејството и пријателите, омаловажување и понижување пред други, заплашување, инсистирање неговиот збор секогаш да е последен и др.

Сексуално насилство многу често е придружен елемент или кулминација на физичките напади на насилникот, при што жената е принудена да има сексуален однос или да учествува во несакана сексуална активност со насилникот. Силувањето, принудувањето на сексуални односи, понижувачки сексуален однос, присилувањето да гледате порнографски материјали, подведувањето се облици на сексуалното насилство.

Економско, финансиско насилство-означува такво дејствување на сторителот кое ја доведува жртвата во состојба на потполна финансиска зависност. На пр. и оневозможува вработување или пак користење на заработените средства, врши уништување на предмети кои се нејзина сопственост и сл.

МИТОВИ И ФАКТИ ЗА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО

Во недостаток на соодветни информации за природата и последиците од семејното насилство, во јавноста се јавуваат одредени мислења или верувања, т.н. митови за семејното насилство. Митовите за семејното насилство се невистини кои во суштина придонесуваат за намалување на сериозноста и значењето на насилството, намалување на вината кај насилниците и повикување на одговорност на самите жени кои претрпеле семејно насилство. Во делот кој следи презентирани се најчестите митови и факти за семејното насилство:

ФАКТ 1: Насилството е присутно во сите општествени групи, независно од образовниот, финансискиот или општествениот статус. Повисоко образованите насилници користат пософистицирани методи.

ФАКТ 2: Последициците од насилството не се само фрактурите и модриците, кои сведочат  јавно! Насилството има и други, најчесто скриени лица: понижување, заплашување, принудување…

ФАКТ 3: Никој нема право да го тепа и понижува другиот, независно од тоа, што тој направил!

ФАКТ 4: Никој не сака да биде понижуван и тепан! Лицата кои доживуваат насилство се наоѓаат во многу тешка ситуација која е исполнета со многу страдање, страв и осаменост. Останувањето во насилна врска се поврзува со традиционалните верувања за бракот, љубовта, постојаните ветувања …никогаш повеќе … увереноста за економската заисност од сторителот и сл.

ФАКТ 5: Секоја личност, независно од тоа дали живее во формална или во неформална врска или пак е слободна има апсолутно право самостојно да одлучува за својот интимен живот. Бракот не ја менува дефиницијата на тоа, што е тоа силување!

ФАКТ 6: Семејното насилство скоро никогаш не е само поединечен инцидент. Насилството покажува тенденција за повторување. Не запира туку ескалира

ФАКТ 7: Насилството над членовите на семејството претставува кривично дело кое подлежи на санкции исто како насилството врз лица кои не се семејно поврзани

ФАКТ 8: Насилството претставува сериозен проблем, кој ја уништува не само жртвата, кон која е насочено, туку ги засегнува и сите други членови на семејството кои се индиректни учесници во насилните акти.

ФАКТ 9: Живеењето во насилна заедница, дури и кога насилството не е директно насочено кон децата остава негативни последици по нивниот развој. Веројатноста да станат насилници или да се најдат во улога на жртва е поголема кај децата кои живеле во семејства во кои имало семејно насилство.